Огласување на медицински средства

Огласување на медицински средства е секоја форма на ширење информации за медицинските средства на широката или на стручната јавност за да се промовира пропишувањето на медицинските средства, да се стимулира издавањето на медицинските средства, снабдувањето со медицински средства, како и нивната продажба и употреба.

Носителите на одобренијата за ставање во промет и производителите, за медицински средства што се издаваат без лекарски рецепт, можат да ја информираат широката јавност за карактеристиките на медицинското средство во согласност со упатството за пациентот, при што се должни тоа да го прават на објективен начин и по претходно одобрение од Агенцијата.

Огласувањето на медицински средства што се издаваат на лекарски рецепт наменето за здравствените работници (промоција на медицинско средство) е дозволено заради обезбедување информации во согласност со упатството за употреба или во врска со условите под кои медицинското средство е ставено во промет. Огласувањето на медицински средства наменето за здравствените работници го прават носителите на одобренијата за ставање во промет преку огласи во стручна литература, стручни периодични списанија и други стручни публикации, како и преку директно давање информации на здравствените работници кои ги пропишуваат или издаваат медицински средства.

Огласувањето се врши преку давање на информации за медицинското средство кои треба да бидат вистинити и научно докажани.

Огласувањето на медицински средства може да се врши преку:

1) огласување во јавните медиуми, преку интернет, огласување на јавни места и други видови на огласување наменето за широката јавност (доставување на огласен материјал по пошта, посети и друго),

2) промоција на медицинското средство на здравствените работници кои го пропишуваат медицинското средство и тоа со непосредно информирање во стручните списанија и други облици на промоција,

       3) спонзорирање на научни и промотивни собири во кои учествуваат лица од редот на стручната јавност.