Промет и потрошувачка на лекови

Со надградба на постоечкиот IT Систем, Агенцијата согласно Законот за лекови и медицински средства ќе започне со следење на потрошувачката на лекови и прибирање на податоци за годишното издавање на лекови во аптеките и веледрогериите и здравствените установи, како и правење на анализи за состојбите на рационалната употреба на лекови, трендовите и инциденцата на потрошувачка на одредени лекови согласно терапевтски групи, генериката, brand името или цената на лекот.

Следењето на потрошувачката на лекови ќе овозможи поверодостојни податоци за заштедите на лекови на годишно ниво,  бројот на пациенти од одредена терапевтска област, поефикасно планирање на снабдувањето со лекови за сите индикациски подрачја.