ИСО Сертификација

Со цел обезбедување на довербата на нашите клиенти,вработени, како и сите други заинтересирани страни во здравствениот сектор,зголемување на ефикасноста на Агенцијата,поголема транспарентност во работењето,пониски трошоци и создавање на пократок циклус на извршување на активностите преку ефикасна употреба на ресурси,подобрени, доследни и предвидливи резултати,  Агенцијата за лекови и медицински средства е во завршна фаза на сертифицирање по стандардите на ISO 9001.

Преку политиката за квалитет изготвени се повеќе од 30 процедури кои ги дефинираат активностите во сите сегменти и сектори на Агенцијата за лекови и медицински средтства, овозможуваат рационализација и поделба на одговорностите меѓу вработените,воспоставување на стандарди на работење, дефинирање на процедурите, образците, и целата документацијата, како и начинот на комуникација и размената на информациии.

   

Веруваме дека таквото работење ќе создаде нови можности за фокусирање на нашите приоритети,едукација на вработените и континуирано подобрување на квалитетот на работа на Агенцијата за лекови и медицински средства.