Организација на МАЛМЕД

На  чело на МАЛМЕД стои директор кој е одговорен за нејзиното работење, истата ја претставува и го координира работењето на нејзините организациски единици. Тоа се:
1)    одделениe за внатрешна ревизија
2)    oдделение за финансиски прашања
3)    одделение за управување со човечки ресурси
4)    Сектор за информации за лекови и медицински помагала
5)    Сектор за проценка на документацијата за ставање на лекови и медицински помагала во промет
6)    Секторот за инспекциски надзор
7)    Сектор за правни, општи и административно-технички работи  

Испитувањето и контролата на лекови и медицински помагала се врши во две акредитирани лаборатории во Република Македонија, овлстени од страна на директорот на МАЛМЕД и тоа:
1)    лабораторијата за контрола на лекови при Институтот за Јавно здравје во Скопје, која е акредитирана по ISO 17025 и
2)    Центарот за испитување и контрола на лекови при Фармацевтскиот факултет во Скопје, кој покрај тоа што има воведено систем на квалитет 17025 и е член на OMCL европската мрежа.

организација-малмед