ЗА АГЕНЦИЈАТА


marija-darkovskaАгенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) е основана на 16. септември 2014 година, врз основа на Законот за лекови и медицински средства (Сл.весник на РМ бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14 и 88/15), како самостоен орган на државната управа.
Оснивач на МАЛМЕД е Владата на Република Македонија.
Директор на МАЛМЕД е M-р фарм. Роберт Бекироски.
Средствата и имотот за оснивање и почеток со работа на МАЛМЕД ги сочинуваа средствата и имотот на Бирото за лекови, орган во состав на Министерството за здравство, кое со овој Закон, со формирањето на Агенцијата, престана да постои.
Со воспоставувањето МАЛМЕД доби нов замав, нови можности, кадровски и просторни потенцијали, како и потребната флексибилност и стручна независност, кои се потребни за чекорите напред кои не очекуваат према новите стручни и друштвени предизвици, постојан развој на компетентноста, регионални и широки европски поврзувања.

 

 

 

МИСИЈА, ВИЗИЈА, НАЧЕЛА И ВРЕДНОСТИ

МИСИЈА
Наша мисија е да се следат националните интереси и политиката на приближување кон високите стандарди и барања на ЕУ и да се обезбеди заштита на здравјето на подрачјето на лековите и медицинските помагала преку ефикасна имплементација на регулативата и надзорот како и информирањето на стручната и пошироката јавност.

ВИЗИЈА
Наша визија е да се развиеме во стручно независна, ефикасна, општествено призната и професионална Агенција која може да се споредува со останатите надлежни органи за лекови и медицински помагала во регионот и во ЕУ.

НАЧЕЛА
Наши начела се општествена одговорност, квалитет во работењето, тимска работа и транспарентност.

ВРЕДНОСТИ
Вредностите кои ги цениме и унапредуваме во нашата Агенција се одговорност, чесност, професионалност, флексибилност, припадност и развојност.