+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), М-р фарм. Роберт Бекироски заедно со тим од вработените денес оствари средба со Никола Бертолини, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ).

На средбата се разговараше за можноста МАЛМЕД да биде подржана во проектите кои се однесуваат на зајакнување на капацитетите во сите сегменти на работењето на Агенцијата и приближување до Европските стандарди поврзани со проблематиката на лековите и медицинските средства, со цел повисоки стандарди во работењето а во корист на граѓаните на Република Македонија.