+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Во рамките на Проектот на Агенцијата за лекови за проблематиката на фалсификуваните лекови  во  кој учествуваат релевантни институции како Министерство за здравство , Центарот за испитување и контрола на лекови при Фармацевтски факултет во Скопје, Сектор за контрола и истраги, Служба за борба против економски криминал, Царинска управа на Р. Македонија, Сектор за финансиски криминал, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Министерство за внатрешни работи на Р. Македонија, Министерство за правда на Р. Македонија и Јавно обвинителство на Р. Македонија, денес во просториите на Агенцијата за одржа состанок на  работната група одговорна за имплементирање на проектот. На состанокот се направи една проценка на актуелната состојба во нашата држава поврзана со проблематиката на фасификувани лекови и се утрди еден акционен план за текот на активностите кои треба да се превземаат со цел ефикасно реализирање на проектните цели.