- дијагноза, превенција, следење, третман или олеснување на болест,
- дијагноза, следење и надзор, третман, олеснување или компензација на повреда или хендикеп,
- испитување, замена или модификација на анатомски или физиолошки процес и
- контрола на зачнување.
Медицинските средства, исто така, ги вклучуваат и:
- материјалите наменети од нивните производители за употреба заедно со медицинското помагало за да се овозможи неговата употреба;
- материјалите кои имаат специфично дизајнирани карактеристики и се направени според пишан пропис од квалификувано лице за индивидуална употреба на одреден пациент и
- материјали наменети за клинички испитувања.
Медицинско средство за in vitro дијагностика е медицинско средство кое опфаќа реагенси, пакет реагенси, производ од реагенси, материјал за контрола и калибрирање, инструменти и апарати, опрема или систем што се користат самостојно или во комбинација и се наменети за употреба во in vitro услови за испитување на биолошки примероци, вклучувајќи примероци од ткива добиени од човечкото тело, заради обезбедување информации:
- во врска со физиолошката или патолошката состојба,
- во врска со конгениталните аномалии,
- за определување на компатибилноста со потенцијални приматели и
- за следење на терапевтските мерки;
Медицинските средства, во однос на потенцијалниот ризик кон корисниците, се класифицираат како:
- класа I – медицински средства со низок потенцијал на ризик;
- класа II-а – медицински средства со висок потенцијал на ризик;
- класа II-б – медицински средства со повисок потенцијал на ризик и
- класа III – медицински средства со највисок потенцијал на ризик.
Медицински средства за ин витро дијагностика се класифицираат како:
- средства за ин витро дијагностика што се користат исклучиво од страна на стручни лица и класифицирани во зависност од типот на средството во листите А и Б;
- средства за ин витро дијагностика за само-дијагностицирање и
- сите други средства за ин витро дијагностика.
Медицинските средства, во смисла на начинот и местото на издавање, се класифицираат како:
- медицински средства што се издаваат на рецепт, согласно со евиденцијата во регистарот на медицински средства, само во аптеки и специјализирани продавници;
- медицински средства што се издаваат без рецепт, согласно со евиденцијата во регистарот на медицински средства, само во аптеки и специјализирани продавници;
- медицински средства што се издаваат на рецепт, согласно со евиденцијата во регистарот на медицински средства, во болнички аптеки и
- медицински средства што се издаваат без рецепт во слободна продажба.