+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

За корисниците на EXIM

Што овозможува EXIM за деловната заедница?
EXIM овозможува пребарување според тарифниот број на стоката и добивање информации за тоа кои дозволи се потребни за увоз, извоз или транзит преку користење на опцијата Пребарување. Преку опцијата Тарифни квоти, под Пропишани количини на тарифни квоти, деловната заедница може да се информира за тоа кои тарифни квоти и од кои земји се достапни за распределба.

EXIM овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Преку системот, подносителите можат да го следат статусот на процесирање на нивните барања, се до нивното конечно издавање.

Преку EXIM увозниците имаат можност електронски да поднесуваат барања за распределба на тарифните квоти достапни согласно трговските договори склучени од страна на Република Македонија. Тарифните квоти на дневна основа се распределуваат според принципот „прв дојден, прв услужен“.

Агенцијата за лекови и медицински средства во делот на својот делокруг на работење има надлежност во електронската обработка на поднесените барања за увоз-извоз и тоа за:

  • дозволи за увоз/извоз на лекови (I040/E040),
  • дозволи за увоз/извоз на медицински средства (I041/E041) , како и
  • дозволи за увоз/извоз на опојни дроги и психотропни супстанции ( I050/E050).

Квартални извештаи на обработени дозволи:

[accordionmenu id=”uniquec60d01″ accordionmenu=”1118″]