+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на  Р. Србија во Крагуевац на тема: “Во пресрет на предизвиците и перспективите: вмрежување и комуникација на националните регулаторни тела и фармацевтската индустрија“.

Во работниот дел на симпозиумот свое излагање имаше и Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија М-р фарм. Роберт Бекироски, кој учествуваше на дебатата на тркалезната маса на тема: “Комуникација на националните регулаторни тела и фармацевтската индустрија за екстерната јавност и медиумите“.

Во дебатата учествуваа и директорите на регулаторните тела од регионот, како и Директорот за комуникации на Европската агенција за лекови.