Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), М-р фарм. Роберт Бекироски заедно со тим од вработените денес оствари средба со претставници од Здружението на приватни аптеки на Р.Македонија.

На средбата се разговараше за тековните проблеми со кои се соочуваат приватните аптеки во своето работење и можноста на решавање на овие проблеми од страна на МАЛМЕД како континуиран партнер и подржувач на нивното работење со цел постигнување на повисоки стандарди како во интерес на аптеките така и во корист на сите граѓани на Република Македонија.