Почитувани пациенти,

Основната цел на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) е заштита на јавното здравје, кој во делот на фармаковигиланца е преку следење и евалуирање на несаканите реакции од лековите.
МАЛМЕД ги собира, обработува и проследува и несаканите реакции кои се пријавуваат и од Вас, пациенти и корисници на лековите.
Покрај пријавите за несакани реакции од лекови добиени од страна на здравствените работници, производителите на лекови и носителите на одобренија се евалуираат и пријавите од пациентите. Тие стануваат дел од документацијата за безбедноста на лекот, врз основа на која се издаваат препорки за негова безбедна употреба во однос на правилно дозирање, контраиндикации, посебни предупредувања, интеракции со други лекови како и мерки за минимизирање на појавата на несакани реакции. Овие препораки се наведувааат во Упатството за употреба на лекот, кое се наоѓа во секое пакување на лекот и кое може да го најдете на следната страна https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/overview
Доколку се посомневате дека одреден симптом кој сте го почуствувале е поврзан со земање/примена на лекот кој го користите Ве молиме да постапите на следниов начин:
1. Прочитајте го повторно Упатството за употреба на лекот, бидејќи таму се наведени очекуваните несакани реакции при примена на тој лек, како и препораките како да постапите во случај на појава на сериозни несакани реакции.
2. Обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт, бидејќи тие ќе Ви дадат стручен совет за понатамошна примена на лекот за кој се сомневате дека Ви ја предизвикал несаканата реакција (на пример: прекинување на употреба на лекот, промена на лек, намалување на доза, продолжување со терапија и др.)
3. Пријавите ги Вашите проблеми до МАЛМЕД, со пополнување на Оn-line апликацијата за пријавување на несакани реакции за пациенти. МАЛМЕД ќе ја обработи Вашата пријава и ќе ја внесе во Националната база за нескани реакции од лекови и случајот ќе стане дел од докуменацијата за безбедноста на лекот.
Вашата пријава за несаканите симптоми/реакции, кои се сомневате дека се предизвикани од употребата на лекот, може да помогне да се намали честотата на нејзино појавување или да биде избегната. Можете да пријавите несакана реакција која сте ја почуствувале лично, ја почуствувало Вашето дете или личноста за која се грижите.

ВАЖНО!

МАЛМЕД не може да дава поединечни медицински совети за пропишаната терапија, па затоа неопходно е за сите совети кои се однесуваат на индивудуалната терапија да се обратите кај лекарот кој Ви ја пропишал таа терапија или до фармацевтот кој истата Ви ја издал.
За подобра проценка на случаите и извлекување на релевантни заклучоци Ве замолуваме, доколку сте во можност на пријавата за несаканата реакција да наведете што е можно повеќе податоци. Доколку за проценката на пријавениот случај ни се потребни дополнителни информации неопходно е да Ве контактираме. Затоа во пријавата задолжително мора да се пополнат полињата: Телефонски број за контакт и е-mail адреса.

Внесете опис
Опишете ги симптомите и реакцијата по употреба на лекот