Почитувани здравствени работници,

Вашиот професионален ангажман во областа на фармаковигиланцата има особено значајна улога во безбедната примена на лековите и заштита на здравјето на пациентите. Податоците и информациите кои ќе ги обезбедиме на ваков начин може да бидат многу значајни за безбедна употреба на лековите.

Сите несакани реакции од лекови за кои ќе добиете информација од Вашите пациенти потребно е да ги пријавите.

Доколку Ви недостасува некој податок или не сте сигурни дека лекот е причинител на несаканата реакција, не отстапувајте, пријавете, доволно е само да постои сомнеж дека лекот можеби го предизвикал несаканиот настан.

Превземете го документот за пријавување на несакани реакции на лекови.
Образец за пријава на несакани реакции на лекови (за здравствени работници).

Потполнетиот образец доставете го во хартиена форма до архивата на Агенцијата за лекови и медицински средства на адреса: ул. Св. Кирил и Методиј, бр.54, I-ви кат, 1000 Скопје или испратете го електронски на следната е-маил адреса: farmakovigilanca@malmed.gov.mk