IPA (Instrument for Pre-accession Assistance )

Македонија веќе осма година е дел од IPA проектот на Европската Агенција за лекови

Инструментот за претпристапна помош (IPA) вклучува состаноци, сесии за обука и конференции наменети да им помогнат на државните службеници од земјите-кориснички Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, поранешна Југословенска Република Македонија, Косово (под Советот за безбедност на Обединетите нации Резолуцијата 1244/99), Црна Гора, Србија и Турција со подготовки за нивно вклучување во активностите на Европската агенција за лекови.

IPA програмата ја започна Европската комисија во 2009 година во рамките на подготовката за проширување на Европската унија (ЕУ).

Главни цели:

  • целта на овој проект е да се изградат контакти и односи помеѓу Европската Агенција за лекови и Агенциите за лекови од земјите учесници во подготовките за соработка на овие земји во регулаторната мрежа на ЕУ.
  • да ги подготви националните надлежни органи на земјите кандидати и потенцијални кандидати кои се активни во областа на медицинските производи за нивно идно учество во мрежите на Агенцијата;
  • да придонесе за создавање на системи за комуникација и размена на информации кои ќе овозможат идно учество на корисниците во мрежите на Агенцијата.
  • помогне да се олесни усвојувањето на заедничките технички барања;
  • да ги идентификува областите каде што може да се потребни дополнителни активности – за да се обезбеди непречено транспонирање на правото на ЕУ (тело на правото на ЕУ) во нивното национално законодавство;
  • да ги подготват за учество во комисиите на Агенцијата.

Агенцијата за лекови и медицински средства активно учествува со свои претставници во повеќе работни групи и тренинзи во ЕМА, и тоа во делот на инспекцискиот надзор, клиничките испитувања, фармаковигиланцата, здравствена политика и квалитет.

 

Европски Директорат за квалитет на лекови (EDQM)

 Агенцијата за лекови има свој претставник во Експертската комисија за фармацевтска грижа како и Експертската комисија за класификација на лекови каде што нашиот претставник од 2015 година е назначен за претседател на таа Комисија.

 

Светска Здравствена Организација (WHO)

Светската Здравствена Организација е стандарден партнер на македонското здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства во делот на реализација и подршка на програми и проекти за Добрите фармацевтски пракси и унапредување на здравјето.

 

MEDICRIME Convention Council of Europe

 Македонија ја подржува MEDICRIME Конвенцијата на Советот на Европа во борбата со фалсификувани лекови. Во таа насока во 2014 година Македонија беше Земја домакин на Регионалната конференција посветена на MEDICRIME Конвенцијата.

 

TAIEX  (Technical Assistance and Information Exchange instrument of the European Commission)

МАЛМЕД има добра соработка со TAIEX Мисијата при Европската комисија, за претпристапна техничка помош и размена на информации.

Со помош на TAIEX  во Декември 2013 година беше организирана работилница за Добра производствена и Добра дистрибутивна пракса (GMP/GDP), додека во 2014 година беше реализирана и еднонеделна студиска посета во делот на инспекцискиот надзор во Агенцијата за лекови и медицински средства во Мадрид- Шпанија (AEMPS).

Во Јануари 2017 година беше организирана работилница во врска со измените и имплементацијата на новата ЕУ Директива за медицински средства.

 

Меморандуми за соработка со странски регулаторни Агенции

Во рамки на својот Стратешки план и мисија, Агенцијата за лекови и медицински средства, досега има потпишани неколку Меморандуми за соработка со странски Агенции за лекови и медицински средства и тоа од: Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна, Англија.

Согласно овие меморандуми предвидена е соработка во делот на унапредување на стручниот потенцијал на вработените, размена на информации и искуства, следење на здравствените политики и европската легислатива.

 

МАЛМЕД е секогаш отворен за отварање на нови полиња на соработка на интернационално ниво.