Агенцијата за лекови и медицински средства спроведува проект за интегриран информационен систем. Проектот е во поодмината фаза на реализација и се очекува негова целосна реализација во блиска иднина.

Целта на овој проект е да се овозможи побрз и полесен начин на работа на економските оператори со Агенцијата, со тоа што процедурите за добивање на решенија за регистрација на лекови и медицински средства ќе се прават преку овој систем во иднина.

 

Исто така, Агенцијата спроведува и проект за Национален систем за фармаковигиланца. И овој проект е во активна фаза на реализација и се очекува негова целосна реализација во текот на следната година.

Целта на овој проект е да се овозможи систем преку кој ќе им се даде можност на сите граѓани и на целиот медицински кадар во Република Македонија алатка со која ќе може да се изврши пријавување на несакани дејствија на било кој лек или медицинско средство кое се користи на територијата на Република Македонија. Проектот е замислен согласно најновите процедури и стандарди кои се употребуваат во Европската унија.

 

Агенцијата исто така вложува средства и за подобрување на состојбата со информатичката опрема со која располага, со цел да се овозможи побрза и поефикасна услуга кон економските оператори кои ги користат нејзините услуги.