Почитувани,

Ве известуваме дека Агенцијата за лекови и медицински средства во цел на унапредување на своите процеси за поефикасно,  побрзо и поедноставно спроведување на постапките кои се во нејзина надлежност воведува нов интегриран информатички систем.

Во наредниот период е предвидена имплементација на овој систем, и во таа насока,  Ве известуваме дека во просториите на Агенцијата ќе се спроведува обука на сите корисници на системот. Секој корисник ќе добие информација за денот и часот кога треба да присуствува на обуката. Обуката е планирано да се одржи во период од 05.02.2018 до 24.02.2018 година.

Сите носители на одобренија за ставање на лекови во промет и носители на одобренија за паралелен увоз на лек, кои нема добијат покана за присуство на обуката до ден 24.02.2018 година, треба да достават барање за истата на следнава емаил адреса: contact@malmed.gov.mk.